Пад на Лина Ѓорческа од 31 место на ВТА ранг листата

Тенис
Typography

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа назадуваше за 31 позиција на најновата ВТА ранг листа, па оваа недела ќе биде на 212. место меѓу најдобрите светски тенисерки.

Ѓорческа не успеа да ги одбрани поените добиени минатата година во истиот овој период, па сега неизбежно беше назадувањето на ранг листата. Македонката поради повреда го пропушти турнирот во Германија, а без настап ќе биде и во следните две недели.

На врвот на ВТА ранг листата е Плишкова, пред Халеп, Кербер, Конта и Мугуруза која е на петтото место со скок од 10 позиции по освојувањето на Вимблдон. Меѓу најдобрите десет се и Свитолина, Вознацки, Кузнецова, Венус Вилијамс и Радванска.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.