Македонската кошаркарска репрезентација покуса за уште еден кошаркар

Кошарка
Typography

Игор Пенов, македонскиот репрезентативец кој беше на поширокиот список на селекоторот Јорданчо Давитков, не е веќе дел од репрезентацијата.

Пенов одлуката ја донел во заеднички разговор и договор со селекторот Давитков. Пенов во подготвителниот период доби шанса во натпреварот против Словачка, но ја грееше клупата против Бугарите.

Давитков исто така нема да може да смета на услугите на Стaјиќ поради повреда, а ги ослободи од обврска кон репрезентацијата уште и Пајиќ, Марковски и Штерјов.

Во продолжение на подготовките за претквалификациите за Светскиот Куп 2019, на Давитков на располагање ќе му бидат 12 кошаркари.

Следен тест за македонските репрезентативци ќе биде домашниот меѓународен турнир „Трофеј Македонија“, кој во период од 20 до 22 јули ќе се одржи во Скопје и каде учество ќе земат БиХ, Холандија и Португалија.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.