РАБОТНИЧКИ: Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц“ против Фенербахче

Кошарка
Typography

Тодор Гечевски, поранешниот репрезентативец на Македонија и сегашен координатор на младинските категории на КК Работнички на ревијалниот меч против Фенербахче ќе го одигра последниот кошаркарски танц.

Кавадарчанецот кој зад себе има 20 годишна кошаркарска кариера ќе настапи за црвено-белите против турскиот гигант и официјално пред публиката ќе каже збогум. Искусниот центар кариерата ја почна во далечната 1995 година, а низ годините покрај за Работнички, тој настапуваше за Тиквеш, Николферт, МЗТ Скопје, Авелино, Задар и ПАОК.

Натпреварот меѓу Работнички и Фенербахче се игра на 30 септември во „ВИП-арената“ при СЦ „Борис Трајковски“.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.