Едно е МЗТ Скопје да игра пред „Фемили“, нешто сосема друго без нив

Едно е МЗТ Скопје да игра пред „Фемили“, нешто сосема друго без нив

Кошарка
Typography

Еден од главните предизвици за Александар Тодоров во текот на летото, пред стартот на новата сезона, ќе биде да се најде заеднички јазик со најверните навивачи на „сино-белите“

 

Еден од главните предизвици за Александар Тодоров во текот на летото, пред стартот на новата сезона, ќе биде да се најде заеднички јазик со најверните навивачи на „сино-белите“, популарните „Фемили Аеродром“, за нивно враќање на трибините.

„Тоа што им е јасно на сите е дека е едно да играш пред Фемили Аеродром, друго да играш без нив. Јас го имав тоа задоволство да бидам тренер точно во таа сезона кога имавме полна сала по цел час пред натпреварите. Навистина, салата беше помала од сегашната, но атмосферата беше фантастична и јасно е дека моја желба е повторно да играме пред тие верни навивчаи. Не сум во клубот ни цели 24 часа, нормално дека треба да се седне и да се разговара“– изјави Тодоров.

Тој даде и кратко објаснување околу својата визија, како очекува да се реорганизира младинската школа на клубот.

„За мене, реорганизација во младинските школи е да престанеме да зборуваме за освоени медали и титули, туку на создавање на играчи кои по извесно време ќе можеме да ги видиме и во првиот тим. Конкретно, мислам на таргетирање на две генерации, М14 и М16, собирање на најголемите таленти од Македонија и вклучување во нашиот тим, напорна работа за создавање на професионални кошаркари. Јас би бил среќен МЗТ Скопје да нема ниту една титула во младинска категорија, но за две три години да извадиме четири играчи што ќе бидат доволно добри да заиграат за првата екипа“ – порача Александар Тодоров.

 

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.