Реал ја надмудри Барса за Себаљос

Фудбал
Typography

Европскиот шампион Реал Мадрид го претстави своето трето и најдобро засилување во досегашниот дел од преодниот рок (по Ваљехо и Ернандес), а тоа е младинскиот шпански репрезентативец Дани Себаљос.

„Кралскиот клуб“ потврди дека постигнал договор со Бетис, а фудбалерот потпишал договор на шест години. Исто така, клубот потврди дека Себаљос ќе биде претставен на 20 јули, на „Сантијаго Бернабе“, а ден подоцна експедицијата патува на подготовки во САД.

За трансферот на Себаљос, Реал ќе му плати на Бетис 18 милиони евра, три милиони повеќе отколку што изнесува неговата откупна клаузула и на тој начин ја надмудри Барселона, која, исто така, го сакаше младиот шпански репрезентативец.

На неодамна завршеното Европско првенство во Полска, Себаљос беше прогласен за најдобар играч на турнирот и така го сврте вниманието на најголемите шпански клубови. Роден е во Утреа, во провинцијата Севиља и играл за младинските категории на двата најголеми клуба од овој регион. Како осумгодишен, дошол во Севиља, но неколку години подоцна, му ја покажале излезната врата поради тоа што имал хроничен бронхитис. Оттаму продолжил во Бетис, со кој во 2014 година потпишал професионален договор. За три години во зелено-белиот дрес, запишал 98 настапи.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.