Aко отиде од Реал, Роналдо ќе ги сруши сите транфер рекорди

Фудбал
Typography

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо откако ги освои сите можни трофеи со кралскиот клуб е речиси решен да направи трансфер во нова средина.

Ова доаѓа по тешката сезона во која често фановите немаа разбирање за неговата физичка подготвеност и го исвиркуваа иако тој се докажа дека е врвен голгетер и посветен на белиот дрес.

Доколку дојде до трансфер на Кристијано Роналдо Реал Мадрид може да заработи неверојатни 400 милиони долари. Сега прашањето е кој е подготвен да ја плати оваа астрономска сума која е невидена досега во фудбалскиот свет, но веќе има кандидат во најбогатите клубови како Манчестер Сити, ПСЖ и Челси.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.