Можните дестинации на K.Роналдо: Јунајтед, Сити, ПСЖ, Кина...

Можните дестинации на K.Роналдо: Јунајтед, Сити, ПСЖ, Кина...

Фудбал
Typography

Кристијано Роналдо сака да замине од Реал Мадрид, Португалецот има висока цена, па нема многу клубови кои ќе можат да си го дозволат

Главна вест од Португалија и Шпанија денеска е желбата на Кристијано Роналдо да го напушти Сантијаго Бернабеу.

Се верува дека ЦР7 сака да замине од Шпанија поради проблемите со даночните власти кои го обвинија дека затаил 14,7 милиони евра.

Реал Мадрид сигурно нема лесно да се откаже од својата прва ѕвезда и ќе се обиде да го предомисли.

Во случај Кристијано Роналдо да инсистира на заминување од Мадрид, „Кралевите“ ќе бараат огромна сума.

За услугите на Португалецот ќе бидат потребно обесштетување од преку 100 милиони евра, како и висока плата, па малку клубови ќе можат да реализираат еден ваков трансфер.

Манчестер јунајтед е најлогичното решение, ЦР7 никогаш не криел дека е отворен за идејата еден ден да се врати на Олд Трафорд.

Но проблем е тоа што Сер Алекс Фергусон, кој му е како татко на Кристијано Роналдо, повеќе не е таму, и на кормилото е Жозе Мурињо, кој не е во најдобар однос со својот сонародник.

Манчестер Сити е вториот тим од Премиерлигата кој има економска моќ да го реализира трансферот. Но проблем е тоа што „Граѓаните“ се голем ривал на неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, како и Пеп Гвардиола, кој долги години му беше лут противник на терените.

ПСЖ и богатите сопственици од Катар речиси секоја година се поврузуваат со Кристијано Роналдо.

Минатото лето „Светците“ беа подготвени да плтат 120 милиони евра, а на играчот да му понудат плата од 40 милиони евра по сезона.

Кина исто така е една од опциите. Минатата недела се појавија гласини дека неименуван клуб од Далечниот Исток е подготвен на Роналдо да му даде годишна плата од 120 милиони евра, а на Реал да му плати 200 милиони евра.

Преселба во САД и МЛС лигата е можна дестинација, но најмалку веројатна. Нивото на првенството е далеку под квалитетите на Роналдо.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.