Microsoft со вештачка интелигенција ќе им го опишува светот на слепите лица

Инжинерство
Typography

Microsoft претстави апликација за паметни телефони која ги користи предностите на вештачката интелигенција за да им помогне на слепите лица да го „видат“ светот околу себе.

Seeing AI е апликација која со вештачка интелигенција ги препознава предметите и личностите и им ги опишува на лицата со оштетен вид.

Доволно е да се инсталира апликацијата, да се вклучи камерата и вештачката интелигенција ќе препознае што регистрира камерата и потоа тоа ќе го опише на корисникот. Апликацијата може да препознава луѓе и нивните чувства. Истата може да се користи и без интернет конекција.

 


Бидејќи апликацијата е примарно изработена за американскиот пазар, овозможено е и препознавање на производи и скенирање на баркод, како и препознавање на американските банкноти.

Токму препознавањето на банкнотите е истакнато како најважен аспект на апликацијата бидејќи секоја банкнота на доларот е со иста големи и боја без разлика на вредноста. Дополнителното, апликацијата ќе може да скенира и документи со што ќе им го олесни на слепите лица користењето на услугите во ресторани, прегледување на поштата и барање на документи.

Апликацијата е прилагодена да ги наведува слепите лица на која страна да го свртуваат телефонот односно камерата за да може предметот да биде успешно идентификуван. Моментално е достапна само за iOS уредите.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.