ЗОШТО ПИВСКИТЕ ШИШИЊА СЕ ЗЕЛЕНИ ИЛИ КАФЕНИ

Историја
Typography

ЗОШТО ПИВСКИТЕ ШИШИЊА СЕ ЗЕЛЕНИ ИЛИ КАФЕНИ

Главната причина што пивото не се произведува во безбојни стаклени шишиња не е дека личи на мочка. Всушност, порано баш така и се чувало, во проѕирни стаклени садови.

 

Пиво правеле и старите Египќани, а почнало да се флашира дури во 19-тиот век, кога паралелно со комерцијализацијата на пијалокот, пиварите востановиле дека така подолго останува свежо.

Како што рековме, првично го продавале во шишиња од безбојно стакло, и тоа функционирало супер сé додека пивото се чувало во студени и мрачни простории. Меѓутоа, набрзо пиварите сфатиле дека пивото во такви шишиња, кога е изложено на сонце, поприма непријатен мирис и смрди „како твор“. И тоа буквално како твор.

До таквиот непријатен мирис доаѓа зашто безбојното стакло ги пропушта UV зраците да продрат во пијалокот и да му го изменат вкусот ослободувајќи ја киселината од хмељот. Потоа таа киселина доаѓа во реакција со сулфурот присутен во пивото и создава соединение многу слично на она што творовите го испуштаат за да се одбранат од предаторите.

Па така, производителите на пиво ги вовеле во употреба шишињата од кафено стакло, чија темна боја го спречува продорот на непожелните ултра-виолетови зраци, па пивото внатре подолго останува свежо.

 

 

Во текот на Втората светска војна, паралелно со недостатокот од залихи, почнале да се појавуваат и зелени шишиња. Произведеното пиво сé уште се точело примарно во кафени шишиња, ама иако поретко, го имало и во зелени. Почнале да кружат разни гласини и урбани митови во обид да ја објаснат појавата на зелени шишиња, а слушајќи ги таквите шпекулации, сé повеќе луѓе се одлучувале да пијат пиво само од зелено стакло, што придонело за раст на популарноста на истото. Тоа се случувало сé додека еден технолог од извесна пивара не објаснил дека на производните ленти во фабриките, на секои 99 или 999 кафени шишиња се става по едно зелено, исклучиво заради следење на обемот на производството и земање на примероци за проверка на квалитетот.

Во меѓувреме, се разви и технологија за заштита на безбојното стакло од UV зраци, но ете, производителите остануваат верни на традицијата. Логично ни звучи дека тоа е така зашто темното стакло – претпоставуваме – е поевтина варијанта од стаклото со UV заштита.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.