Марс е толку токсичен што ги убива сите микроорганизми

Наука
Typography

Научниците открија дека површината на Црвенaта планета е прекриена со отровен коктел од хемикалии, кои во комбинација со УВ зраците може да го уништат било кој жив организам.

Станува збор за перхлорат, хемиско соединение кое приридно се наоѓа на Земјата, каде е во стабилна состојба, но на Марс може да предизвика вистински хаос.

Истражувачите од Универзитетот во Единбург првo изложиле бактерии на ултравиолетово зрачење слично на она на Марс, а бактериите угинале за една минута.

Во следниот чекор, тие помешале магнезиум перхлорат со бактерии и ја изложиле мешавината на истото зрачење.

Овој пат, бактериите угинале за 30 секунди.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.