Шминка за цел ден

Стил
Typography

Одржите вашата шминка да трае во текот на целиот ден

Дали некогаш сте се запрашале како да ја задржите шминката во текот на целиот ден? Сигурно многупати ви се случило да се вратите дома и да забележите во огледалото дека вашата шминка магично исчезнала. Ако имате ваков проблем проверете ги овие корисни совети за тоа како да ја одржите вашата шминка да трае во текот на целиот ден.

Подлога на шминката

Задржувањето на шминката во текот на целиот ден започнува со тоа колку добра подлога нанесувате пред да започнете со шминкање. Секогаш започнете со чистење на лицето, потоа нанесете коректор и некоја добра пудра. Ова ќе ви помогне вашата шминка да трае подолго.

Руменило и пудра во прав

Руменилото и пудрата во прав треба да се нанесуваат во слоеви. Нанесете неколку пати во текот на денот, ова ќе ви овозможи да ја одржите вашата шминка свежа. Но не претерувајте, бидејќи така само можете да добиете спротивен ефект.

Сенка за очи

Клучот за задржување на свежината на сенката за очи во текот на целиот ден е исто така во подлогата. Не заборавајте пред да ја нанесете сенката за очи, најпрво да нанесете пудра во прав или коректор за одлична подлога.

Лак за коса за долготрајна шминка

Уште еден трик кој многу жени го употребуваат за долготрајна шминка. Откако ќе ја нанесете шминката на вашето лице, земете лак за коса и од поголемо растојание испрскајте го вашето лице. Запомнете, многу тенок слој на лак за коса е сосема доволен за да ѝ помогне на вашата шминка да трае подолго во текот на денот.

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.