Тако со пилешко во маринада од пиво

Храна
Typography

Можеби сите пробале свинско и говедско тако, меѓутоа еве и еден рецепт за пилешко тако.

Овој рецепт може да ви покаже дека пивото може да биде корисно и на друг начин. Пивото го прави пилешкото да биде сочно и меко, совршено за тако. Најпогодно за маринирањето на пилешкото е темното пиво, но можете да користите и светло.

Состојки:

500гр. пилешки гради
2-3 лукчиња
чили во прав или пеперончино пиперчиња
сол, бибер
1 лажичка оригано или неколку ливчиња свежо оригано
тортиљи
гвакамоле
Подготовка на гвакамоле: Во дрвен аван ставете 1 лажичка сол и лук и со толчник гмечете ги, за да добиете кашеста смеса. Потоа ставете го авокадото, излупено и исчистено од семката, и со толчникот повторно гмечете. Додадете неколку капки лимонов сок и 2 супени лажици павлака, измешајте и гвакамолето е готово.

Подготовка на тако со пилешко: Пилешкото исечете го на ленти или на покрупни коцки, потопете го во сад со пиво, ставете сол, бибер, оригано, малку масло и чили. Пилешкото чувајте го во садот неколку часа или преку ноќ во фрижидер. Исцедете го од пивото, ставете го на загреано тавче на висока температура, за да добиете румена боја на месото, и пржете неколку минути. Ставете го во тортиљите, додајте по 1-2 лажици гвакамоле и такото е подготвено.

Пријатен апетит!

Регистрирајте се со вашето име и емаил адреса на нашиот сервис и бидете секогаш во тек со новости од Македонија и Светот.